Додека сѐ уште постоеа шанси Меси да остане, Барселона се обидуваше и да го откачи Гризман за да го ослободи буџетот, но Французинот остана, а Аргентинецот замина, па меѓу тие што сега се посочени како непријатели е токму тој, зашто (ин)директно придонел првата ѕвезда да мора да си оди.
Гризман на старт на сезоната повторно не блеска нешто премногу и тоа повторно ги разгневува навивачите за повторно да го „нападнат“.
„Кловну, разбуди се! Разбуди се Гризман“, му викаа навивачите додека Гризман доаѓаше на тренинг.
😡 @AntoGriezmann increpado esta mañana en la ciudad deportiva del @FCBarcelona_es
📺 #Golazo pic.twitter.com/NUuaacNJdd
— GolStadium (@Gol_Stadium) August 27, 2021