Навивачката група на „Шалке 04“ испрати помош за поплавените во скопско

Навивачката група на клубот од Гелзенкирхен УГЕ е збратимена со навивачката група „Комити“ и повеќе од десет години имаат одлични – братски односи. Тие не ги кријат симпатиите кон Вардар, Скопје и Македонија а за тоа сведочи инцидентот со тамошната полиција која сакаше да отстрани македонско знаме од нивната трибина но на крајот мораше да се повлече.

Ултрасите на германскиот фудбалски клуб „Шалке04” познати како УГЕ организирале акција за собирање на облека, постелнина, храна и други корисни предмети за погодените во катастрофалната поплава во Скопје. Во акцијата која траела неколку дена било собрано доволно помош која е распоредена во 400 пакети кои се веќе на пат кон Скопје. Транспортот го плаќаат самите тие, пишува Вечер.

Навивачите на „Шалке04“ и навивачите на „Вардар“ – „Комити“ имаат одлични односи и се т.н. збратимени групи што занчи дека си помагаат на секој можен начин, како на стадионите така и вон нив. Оваа блискост датира пред повеќе од десетина години.

1salke5

Во овој период „Комити“ десетина пати беа во Германија кадешто стои рамо до рамо со нив во дерби натпреварите и пресметките со најголемиот ривал “Борусија Дортмунд“, а и германските ултраси ја користат секоја прилика да дојдат во Скопје и да поминат барем неколку дена.

Братските односи ги потенцираат и германските ултраси кои преку кусо соопштение во јавноста ја објаснија својата постапка и порачаа дека се заедно до „Комити“ и во добро и во зло.

2SALKE5

На почетокот на август градот Скопје беше погоден од силно невреме во кое над 20 лица го загубија животот. Во поплавените подрачја ситуацијата беше катастрофална а инфраструктурата уништена. Нашите браќа „Комити“ веднаш излегоа на терен и се вклучија во расчистување на наносите. Тие со свои пари секој ден купуваа храна и вода за настраданите и со денови помагаа на погодените. Како поддршка на нашите пријатели и на луѓето погодени во Скопје, во соработка на „Шалке“, испративме 400 кутии со хуманитарна помош. Станува збор за облека, постелнина и други неопходни материјали за погодените. Се надеваме дека со оваа помош ќе допринесеме колку толку животот да се врати во нормала и ќе им помогнеме на нашите браќа “Комити“. Заедно и во најлошото – Гелзенкирхен Скопје, стои во официјалното соопштение на групата.

Доказ за братскиот однос меѓу германските и скопските навивачи е тешкиот инцидент кој се случи во август 2013 година за време на бараж натпреварот меѓу „Шалке04“ и грчкиот „ПАОК“.

3salke5

На трибината на каде се УГЕ беше истакната македонското знаме а таму беа присутни барем 200 членови на навивачката група „Комити“. Официјалните лица на грчкиот фудбалски клуб реагираа и бараа знамето да биде тргнато и се заканија дека нема да го доиграат натпреварот. Откако „УГЕ“ одбија да го тргант знамето, настапи полицијата која во десетминутната жестока пресметка со навивачите во која покрај пендреци користеше и солзавец мораше да се повлече. Сликите од инцидентот го обиколија навивачкиот свет, а управата на клубот „Шалке 04“ веднаш застана зад своите навивачи.