Повторно навреди кон народот од Најчевска

Македонскиот народ е составен од глуперди и цепаници неделкани. Повторно навреди кон народот од страна на поранешната раководителка на Хелсиншкиот комитет Мирјана Најчевска која важи за еден од најжестоките поддржувачи на СДСМ продолжува со дрски и вулгарни навреди кон македонскиот народ.

Повторно навреди кон народот од Најчевска
Повторно навреди кон народот од Најчевска

Еве, повторно ќе кажам јасно и гласно: македонскиот народ е составен од глуперди и цепаници неделкани. Значи, глуперди низаедни, цепаници неделкани, разбудете се пред да биде ептен доцна, напиша Најчевска на својот Фејсбук профил и додава дека ова тврдење било подобро отколку тврдењето на политичарите дека народот е мудар и паметен.

Порталот „Курир“ пишува дека после ваквите навреди кон народот од страна на Најчевска, станува повеќе од јасно дека нема друга држава каде експонентите на опозицијата со толку омраза дејствуваат против својот народ.

После ова неминовно се поставува прашањето како Најчевска и уште поважно како СДСМ чиј активен поддржувач е таа, планира да ја освои довербата од народот кого го смета за глуп и недоделкан. Фрапантна е омразата и нервозата што е плод на фрустрацијата од слабата поддршка. Ова според познавачите е резултат пред се’ на нервозата од разликата од анкетите кои покажуваат низок рејтинг на опозицијата, односно СДСМ, пишува „Курир“.

Не е прв пат Најчевска да упати навреди кон народот

Инаку, ова не е прв пат да има вакви навреди и омаловажувања од Најчевска кон македонскиот народ. Пред една година, Најчевска во очи на Денот на независноста 8-ми септември на најбрутален начин го навреди македонскиот народ, нарекувајќи го глупав.

Не, не е шутрачки овој народ. Не е ни уплашен.  Вистината е многу поедноставна.  Овој народ е едноставно глуп. Како цепаница. Неделкана, напиша Најчевска, напиша самопрогласената активистка за човекови права, која секојдневно ги брани политиките на СДСМ.

Јавноста исто така, сеуште ги памети изјавите на Најчевски дадени непосредно по полициската акција во кумановската Дива населба кога Мирјана Најчевска објави шокантни тези за полициската акција во Куманово.

Во моментот кога во јавноста кружеа информации за тешко повредени полицајци, а шпекулациите велеа дека загинале тројца полицајци Најчевска ја обвини владата дека употребила непропорционална сила против терористите кои што таа не ги споменува.

… Еве вака сега да ви кажам, ова е злосторство против цивилно население. За ова се оди на суд и се добива доживотен затвор. Почнувајки од извршителите се до министерката, и до премиерот и секако претседателот на државата. Ма нормални ли сте во густо населено место да испукувате гранати и да пукате од хеликоптери. Доле живеат луѓе. Ова не е воена зона туку градска населба.Ова е исто како некоја банда да се сокрие во градски ѕид во Скопје и да дојдат воени хеликоптери да по зградите. Некој ептен се заборави и за тоа треба дебело да плати, напиша таа на својот ФБ профил.

Според неа акцијата на полицијата беше злосторство против цивилно население. За акцијата во која со бомби автоматско оружје и снајпери се нападнати македонските специјалци таа бараше судење и  доживотен затвор за министерката Јанкуловска, премиерот  Груевски и претседателот Иванов.

Навредите и говорот на омраза постојано дел од вокабуларот на соросовите експоненти

Инаку, во недостиг на конкретна програма и проекти, говорот на омраза и навредите кон македонскиот народ постојано се дел од вокабуларот на соросовите експоненти како Бранко Героски, Ѓунер Исмаил, Љубомир Фрчкоски и низа други  опозициски поддржувачи.

Во навредите кон сопствениот народ исклучок не прават ниту политичарите на СДСМ, како на пример претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, за кого граѓаните прво беа стока, а потоа и овци.