НБА: Атланта ја шокираше Филаделфија

Кошаркарите на Аталанта Хоукс ги шокираа првите носители во Источната конференција, Филаделфија 76ерс во седмиот решавачки натпревар во полуфиналеот на плејофот, и со синоќешната победа на гости од 103:96 по 2015 година влегоа во конференциското финале каде ги чекаат Милвоки Бакс.

Дуелот во Филаделфија беше израмнет од почетокот до крајот. Најдобриот играч на Атланта, Три Јанг впиша 21 кош и 10 асистенции, но со катастрофален шут од 5 реализации од 23 обиди. Но се искажа токму кога беше потебно, во поселдните шест ипол минути постигна 10 поени, вклучително и клучната „тројка“ на две ипол минути пред крајот за водство од 93:87.

Прв стрелец на Хоукс со 27 коша беше Кевин Хартер, Далино Галинари додаде 17, Џон Колинс 14 а Клинт Капела 13 поени.

Сиксер имаа само тројца расположени играчи. Центарот Џоел Ембид впиша 31 кош и 11 скокови, но имаше 8 загубени топки. Тобијас Харис постигна 24, а Сет Кари 16 коша.