![1000](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/1000-14.jpeg?resize=696%2C464&ssl=1)
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс минатата ноќ со 109:102 беа подобри од Феникс санс израмнувајќи на 1-1 во серијата до четири победи во првиот круг од доигрувањето во Западната конференција на НБА лигата.
Ентони Дејвис постигна 34 коша со 10 скокови и 7 асистенции во победата на Лејкерс над домашните Феникс Санс, а Леброн Џејмс додаде 23 поени и 9 асистенции. Денис Шредер постигна 24 коша, а Андред Драмонд 15 со 12 скокови.
Кај Феникс најдобар беше Девин Букер со 31 кош, аДеандре Ејтон мечот го заврши со 22 коша и 10 скокови.
Далас Маверикс со победата од 127:121 над Лос Анџелес Клипер го зголемија водството на 2-0 во серијата до четори победи. Третиот дуел се угра во петокот, а четвртиот во недела.
Лука Дончич ги предводеше Маверикс со 39 поени и по 7 асистенции и скокови. Тим Хардваеј џуниор додаде додае 28 коша, а Кристап Порѕингис 20 поени..
На Клиперс не им помогна ниту расположениот Каваи Леонард кој постигна 41 кош. Пол Џорџ го следеше со 28 поени со 12 скокови и 6 асистенции.
Бруклин Нетс, исто така, ја зголемија предноста во серијата на 2-0, ноќта кон средата во вториот дуел од доигрувањето во Источната конференција со 130:108 ги надиграа Бостон Селтикс.
Кевин Дјурант кај победниците постигна 26 коша со 8 скокови, 5 асистенции и 4 блокади, а Џо Харис додаде 25 од кои седум „тројки“. Џејсм Харден постигна 20 коша со 7 асистенции, додека поранешниот играч на Селтикс, Кајри Ирвинг мечот го заврши со 15 поени.