
Кошаркарите на Феникс Санс и Мајами Хит благодарејќи на високите побед на домашен паркет против Далас Маверикс односно Филаделфија 76ерс, дојдоа чекор поблиску до пласманот во финалето на Западната односно Источната конференција.
Девин Букер ги предводеше Феникс до високата победа од 110:80 над Далас во петтиот дуел од Западната конференција што му донесе водство од 3-2 во серијата до четири победи.
Во третата четвртина Санс ги надиграа Маверикс со 33:14, а во тој дел од мечот Букер постигна 12 коша, додека Деандре Ејтон, кој дуелот го заврши со вкупно 20 поени, постигна 8 коша. Микал Бридџес и Камерон Џонс постигаа по 14 поени, а Крис Пол впиша 10 асистенции и 7 поен во победата на домашните.
Кај Маверикс Лука Дончич впиша 28 поени и 11 скокови, а Џејлен Браун додаде 21 кош.
Доколу и во шестото соочување во четврток остварат победа, Санс одат во конференциското финале каде ги чека победникот од уделот меѓу Мемфис Гризлис и Голден Стејт Вориорс кои водат со 3-1 во серијата.
Мајами Хит, исто така, со убедливи 120:85 ги победија Филаделфија 76ерс и поведоа со 3-2 во серијата.
Седум играчи имаа двоцифрено остварувања во победата на Хит, а ги предводеше Џими Батлер со 23 поени. Макс Стас впиша „дабл-дабл“ со 19 коша и 10 скокови, Гејб Винсент додаде 15, Виктор Одалипо 13, Бам Адебајо 12 а Тајлер иро и ПиЏеј Такер по 10 поени.
Најдобар поединец кај Филаделфија беше Џоел Ембид со 17, додека Џејмс Харден додаде 14 поени.
Шестиот натпревар се игра во четвртокот, во Филаделфија каде што Сиксерс ќе се обидат да ја избегна елиминацијата.