Дисциплнската комисија на НБА лигата го казни копаркарот на Далас Маверикс, Лука Дончич, и членот на Лос Анџелес Клиперс, Маркус Морис, поради инцидентот во шестиот натпревар од првиот круг на доигрувањето.
Дончич е казнет со 15.000 долари, бидејќи во текот на третата четвртина ја фрлил токпата во нозете на еден од судиите, по што му беше досудена техничка грешка.
Морис, пак, е казнет со 35.000 долари поради намерниот и тежок прекршок токму на Дончич и притоа заработи исклучување. Словенечкиот кошаркар, несвојствено за него, изреволтирано се обиде да налета на Морис, но соиграчите го спречија.
Клиперс инаку се пласираа во конференциското полуфинале солвадувајќи ги Маверикс со вкупни 4-2.