НБА го казни Ембид со 35.000 долари

НБА го казни центарот на Филаделфија, Џоел Ембид со 35.000 долари.

Лигата го казни кошаркарот затоа што ги прослави борците Трипл Х и Д-Генерација Х за време на натпреварот со Портланд од регуларниот дел (126:98).

Минатата година тој беше казнет со 25 илјади долари за слично однесување.

Сезонава 29-годишниот Камерунец настапи на три натпревари со просечни 31 поен, 10,3 скока и 7 асистенции.