Место да слави убедлива победа, Кливленд Кавалирс се спасуваше во последните минути од третиот финален натпревар, но на крајот сепак дојде до победата.
Конечниот резултат е 96:91 за водство на Кавс од 2:1 по првиот натпревар на домашен терен и првиот меч од финалето во кој не се играше продолжение. Голден Стејт може да биде среќен што не доживеа дебакл бидејќи во третата четвртина губеше и со 20 поени разлика (68:48), но и Кливленд треба да се радува затоа што не ја испушти високата предност. Со одличната игра во последниот период, гостите се доближија на само еден поен негатива (80:81) на 2:45 пред крајот на мечот и тоа навестуваше драматичен финиш. Сепак, Делаведова постигна кош со фаул и го реализира слободното фрлање, а Леброн во следниот напад погоди тројка за комотни +7 во последните 100 секунди од мечот.
Вориорс не мислеа да се предадат и повторно се доближија на три поени негатива (91:94), но тоа беше се од нив во поентерска смисла.
И повторно Леброн Џејмс беше факторот кој превагна на страната на Кливленд. Со 40 поени, од кои 12 во последната четвртина, тој е најзаслужен за победата на својот, а не смеат да се заборават ниту 12 поени и осум асистенции. Во отсуство на Ирвинг и Лав, одговорноста во нападот ја презеде Метју Делаведова кој заврши со 20 поени и повторно играше одлична одбрана против Кари.
Кај Голден Стејт, Кари реализира 27 поени, но се чини дека играше премногу млако во нападот бидејќи шутна само 20 поени, за разлика од Леброн кој упати 34 удари од игра. Да беше малку поагресивен во нападот, особено во првото полувреме, којзнае дали вака ќе завршеше натпреварот.
Третиот меч се игра в четврток, повторно во Кливленд.