НБА Лига: Далас и Филаделфија ги намалија заостанувањето

Екипипите на Далас Маверикс и Филаделфија 76ерс ноќта кон саботата во третиот дуел од полуфиналните серии до четири победи во Западната конференција ги победија Феникс Санс односно Мајами Хит, намалувајќи го заостанувањето во серијата на 2-1.

Далас на својот паркет со 103:94 ги победија Мајами, а до триумфот ги предводеше Џејлен Брансон со 28 коша, додека Лука Дончич за малку не впиша не „трипл-дабл“. Словенечки кошаркар на натпреварот го заврши 26 коша, 13 скокови и 9 асистенции.

Кај Феникс најдобар беше Џа Кроудер со 19 поени, додека Девин Букер додаде 18 коша со 6 асистенции.

Четвртиот натпревар се игра во неделата повторно во Далас.

Филаделфија, исто така, дома ги надигра Мајами со 99:79, а голема улога имаше Џоел Ембид кој се врати на теренот по фрактурата на јагодицата и дава пропуштени натпревара. Ембид постигна 18 коша за победата на Сиксерс и оствари 11 скокови. Тајриз Макси додаде 21 кош, сите во второто полувреме, а исто оствари и Дани Грин. Џејмс Харден додаде 17 коша, од кои 15 во првото полувреме.

Џими Батлер беше најдобар стрелец кај Мајами и на натпреварот со 33 коша и 9 скокови. Единствен кај играчите на Мајами кој уште впиша двоцифрено остварување бепе Тајлер Хиро со 14 коша.

Четвртиот натпревар се игра во неделата во Филаделфија.