НБА Лига: Кари го одведе Вариорс во вториот круг, а Адетокумбо Бакс

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс и на Милвоки Бакс со победи пред своите навивачи во петтите натпревари во сериите против Денвер Нагетс односно Чикаго Булс, изборија пласман во конференциските полуфинални соочувања во НБА лигата.

Во Сан Франциско гостите долго време се закануваа, во третата четвртина имаа и 10 коша предност, но кога Вариорс на почетокот од последната делница ги стигнаа а потоа и минаа Нагетс, веќе не им дозволија да се вратат во водство и на крајот славеа со 102:98.

Но и овој меч беше решен во тесната и тензична завршница, како и претходните две одиграни во Деневра, најмногу благодарејќи на Никола Јокиќ, кој ги држаше Нагетс во игра до последната минута. Го заврши дуелот со 30 коша, 19 скокови и 8 асистенции, но тоа не беше доволно за победа над Вориорс, бидејќи во клучните моменти од мечот топката ја зема домашниот капитен Стефен Кари кој првпат во оваа серија беше во почетната петорка.

Три ипол минути пред крајот ги уфрли своите први коша од игра во последната четвртина и донесе предност на Вариорс од 90:86. Одговори Јокиќ со два последователни коша во една минута и израмни 90:90. Следната минута му припадна на Кари. Прво му асистираше на Гери Пејтон Втори за положување, а потоа и самиот положи за 94:90. Јокиќ ги заврши следните два напада за Денвер и во последните 53 секунди домашните влегоа со водство од 97:94 и посед на топката. Со уште едно полагање на половина минута пред крајот Кари го доведе Вориорс на „плус пет“ (99:94). Работата ја доврши со уште три од четири погодени слободни фрлања за заокружени 30 поени за кои потроши 22 шута, а погоди пет „тројки“ од 11 обиди. Додаде и по пет асистенции и скокови, како и две украдени топки.

Иако Нагатс ги натскокаа Вориорс (50-37) од конечната статистика стрчи ефикасноста на еткипите во обидите за „тројка“, домашни погодија 13 од 31, а гостите семо шест од 29 обиди.

За Вориос Клеј Томпсон додаде 15 коша и 9 скоковои, но и помалку неочекувани 15 поени со шут 6 од 8 од игра и 3 од 4 за „тројка“ од Гери Пејтон Втори. Ендрју Вигинс додаде 12, а Дрејмонд Грин 11 коша.

Покрај Јокиќ, најефикасен кај Нагетс беше Демаркус Кузинс со 19 поени. Аатон Гордон додаде 15 а Вил Бартон и Монте Морис по 14 коша.

Голден Стејт Вориорс во конференцискот полуфинале го чекаат победникот од дуелот меѓу Мемфис Гризлис и Менесота Тимберволфс кои ноќта кон петокот во Минеаполис ќе го одиграат шестиот меч. Мемфис водат со 3:2 и се на една победа до вториот круг.

За разлика од дуелот во Сан Франциско, во Милвоки немаше никакви неизвесности. Актуелните НБА шампиони на својот паркет ги совладаа Чикаго Булс со 116:100, но дуелот беше решен уште на половината на втората четвртина кога Бакс дојдоа до огромна предност од 29 поени.

Јанис Адетокумбо погодуваше со 73,3 отсто и постигна 33 коша со 9 скокови и 3 асистенции, предводејќи шест домашни кошаркари со двоцифрено остварувања, од кои невообичаената своја улога ја надмина Пет Конегтон со 20 коша со 6 „тројки“ од 9 обиди и со тоа го надомести отсуството на повредениот Крис Мидлтон. Боби Протис врза 14 коша и 17 скокови, Грејсон Ален додаде 13,а Брук Лопез 12 поени.

Квалитетот на домашната одбрана најмногу дојде до израз со само 11 коша кои на овој меч ги постигна Демар Дерозан, кој инаку со 41 ги урна Бакс во вториот дуел од оваа серија. Другите играчи на Булс не беа дораснати на задачата. Патрик Вилијамс уфрли 23 коша, а Никола Вучевиќ заврши со 19 поени, 16 скокови и 6 асистенции.

Милвоки во конференциското полуфинале ќе се судри со Бостон Селтикс кој во првиот круг ги уништија Бруклин Нетс со чисти 4:0 и имаа предност на домашен терен. Првиот дуел од оваа серија ќе се игра во Бостн во недела на 1-ви мај од 19 часот по средноеврпско време.