Седум натпревари се одиграа во НБА лигата синоќа, откако натпреварот меѓу Лејкерс и Шарлот Хорнетс во Лос Анџелес беше одложен поради пожарите кои го пустошат градот.
Кливленд Кавалирс синоќа ја забележаа 12-та последователна победа совладувајќи ги Торонто Репторс на домашен терен со 132:126. Дариус Гарланд постигна 40 поени за Кавалирс, кои заостануваа со 12 поени во третата четвртина. Еван Мобли од Кливленд додаде 21 поен со 11 скока и шест асистенции. Скоти Барнс ги предводеше Репторс со 24 поени, 10 скока, осум асистенции и три украдени топки. Крис Баучер го следеше со 23 поени и 12 скока.
Далас Маверикс на домашен терен ги совладаа Портланд Трејл Блејзерс со 117:111, остварувајќи ја втората победа во низа по серијата од пет порази. Најдобар стрелец во победата беше Џејден Харди, кој влезе од клупата и постигна рекордни за сезоната 25 поени. ПиЏеј Вашингтон постигна 23 поени со 14 скока и три украдени топки, а Дерек Лајвли II постигна 21 кош, додавајќи 16 и три блокади за Маверикс. Шедон Шарп и Енферни Сајмонс постигнаа по 22 поени за Портланд, кои водеа во текот на речиси целиот натпревар пред да паднат доцна. Далас заостануваа со 10 поени на четири ипол минути до крајот, а потоа постигнаа 16 последователни поени за да дојдат до водство од 112:109, што беше само второ нивно водство на натпреварот. Грајмс додаде „тројка“ и слободно фрлање за да го заврши натпреварот, а Динвиди реализираше две слободни фрлања за победа.
Хјустон Рокетс ја забележаа петтата последователна победа на гостински терен, совладувајќи го домашниот тим на Мемфис Гризлис со 119:115. Најзаслужен за победата беше Алперен Сенгун со 32 поени, 14 скока и пет асистенции, додека Џејлен Грин додаде 27 поени, а Фред ВанВлит 22. Гризлис ги предводеа Џа Морант со 27 поени и Џерен Џексон Џуниор кој постигна 21 поен и забележа осум скока. Мемфис шутираа 50 отсто од поле, но тоа беше поништено со 20 загубени топки, кои Хјустон ги претвори во 31 поен.
Мајами Хит славеше во Солт Лејк Сити совладувајќи ја домашната екипа на Јута Џез со 97:92, а до победата ги предводеше Тајлер Херо со 23 поени. Хаиме Јакез Џуниор додаде 20 поени за Мајами. Лаури Марканен и Колин Секстон постигнаа по 23 поени за Џезерите, кои загубија вторпат во низа. Јута се врати од негатива од 11 поени во третата четвртина, но на крајот загуби деветти пат по ред во „Делта Центарот“.
Феникс Санс на домашен терен ги победија Атланта Хокс со 123:115, а Бредли Бил постигна рекордни 25 поени од клупата. Грејсон Ален и Кевин Дурент додадоа по 23 поени за Санс, кои го добија вториот во трите последни натпревари. Девин Букер од Феникс постигна 20 поени и 12 асистенции. Треј Јанг ја предводеше Атланта со 21 поен и седум асистенции, Богдан Богдановиќ постигна 17 поени, а Дајсон Даниелс имаше 13 додека Хокс го завршија своето патување со скор од 2-4.
Голден Стејт Вориорс на гостински терен ги совлада Детроит Пистонс со 107:104. Бади Хилд постигна 19 коша, Стивен Кари додаде 17 поени, 10 скока и шест асистенции за Голден Стејт, со што ја прекинаа серијата од два порази. Кејд Канингем постигна 32 поени и осум асистенции, а Малик Бисли постигна 21 поен за Детроит, чија серија од пет победи беше прекината синоќа. По заостанување од 18 поени на средината на четвртата четвртина, Детроит дојдоа до 98:102 на една минута и 21 секунда до крајот. Шредер зголеми на 104:98 за Голден, по што Канингем погоди две слободни фрлања за Пистонс, а забивањето на Бисли на 23 секунди до крајот ја намали разликата на 102:104. Кари погоди две слободни фрлања на 14,6 секунди до крајот за водство на Вориорс од 106:102, а потоа Канингем реализираше само едно од двете на 11,1 секунди до крајот. Гвихо Сантос е фаулиран и изведе само едно слободно фрлање за Голден Стејт на 9,6 секунди до крајот за водство од 107:103. Потоа, Канингем беше фаулиран и тој реализираше само едно слободно фрлање за конечниот резултат 107:104.
Минесота Тимбервулфс го совлада домашниот тим Орландо Меџик со 104:89, предводени од Џулиус Рендл со 23 поени и 10 скока. Ентони Едвардс додаде 21 поен и седум асистенции за третата последователна победа на Тимбервулфс. Најдобар играч на Орландо беше Гога Битадзе со 15 поени и осум скока и Кејлеб Хјустен со 14 поени. Кентавиус Колдвел-Поуп постигна 13 поени, а Кол Ентони додаде 12 за Меџик, кој шутираше само 25 отсто за три поени. Орландо загуби четири од последните пет натпревари на домашен терен.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд Кавалирс – Торонто Репторс 132:126
Детроит Пистонс – Голден Стејт Вориорс 104:107
Орландо Меџик – Минесота Тимбервулвс 89:104
Далас Маверикс – Портланд Трејл Блејзерс 117:111
Мемфис Гризлис – Хјустон Рокетс 115:119
Феникс Санс – Атланта Хокс 123:115
Јута Џез – Мајами Хит 92:97
Лос Анџелес Лејкерс – Шарлот Хорнетс одложено
ТАБЕЛИ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Бостон Селтикс 27 10 ,730 —
2. Њујорк Никс 25 13 .658 2 1/2
3. Филаделфија 76ерс 15 20 .429 11
4. Бруклин Нетс 13 24 .351 14
5. Торонто Репторс 8 30 .211 19 1/2
ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Кливленд Кавалирс 33 4 .892 —
2. Милвоки Бакс 19 16 .543 13
3. Индијана Пејсерс 20 18 .526 13 1/2
4. Детроит Пистонс 19 19 .500 14 1/2
5. Чикаго Булс 17 20 .459 16
ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Орландо Меџик 22 17 .564 —
2. Мајами Хит 19 17 .528 1 1/2
3. Атланта Хокс 19 19 .500 2 1/2
4. Шарлот Хорнетс 8 27 .229 12
5. Вашингтон Визардс 6 29 .171 14
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. Лос Анџелес Лејкерс 20 16 .556 —
2. Лос Анџелес Клиперс 20 17 .541 0 1/2
3. Голден Стејт Вориорс 19 18 .514 1 1/2
4. Сакраменто Кингс 18 19 .486 2 1/2
5. Феникс Санс 17 19 .472 3
ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Хјустон Рокетс 25 12 .676 —
2. Мемфис Гризлис 24 14 .632 1 1/2
3. Далас Маверикс 22 16 .579 3 1/2
4. Сан Антонио Спарс 18 19 .486 7
5. Њу Орлеанс Пеликанс 7 31 .184 18 1/2
СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Оклахома Сити Тандер 30 6 .833 —
2. Денвер Нагетс 21 15 .583 9
3. Минесота Тимбервулфс 20 17 .541 10 1/2
4. Портланд Трејл Блејзерс 13 24 .351 17 1/2
5. Јута Џез 9 27 .250 21