НБА лига: Оклахома и Чикаго остануваат во игра, крајот на сезоната за Њу Орлеанс и Торонто

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер останаа во игра за пласман во годинешниот НБА плеј-оф, иако лигашкиот дел од сезоната го завршија на само 10-то место во Западната конференција, отокао во првиот настап во „плеј-ин“ ги совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со 123:118.

Во многу интересен натпревар во Њу Орлеанс, гостите од Оклахома Сити сепак имаа повеќе расположени играчи. Австралиецот Џош Гиди одигра брилијантно, а со 31 поен, 10 асистенции и 9 скока беше на дофат на „трипл-дабл“ учинок, додека за победата се погрижија и Лугуенц Дорт и Шаи Гилгеус-Александер. Дорт ги „влечеше“ Тандер во првото полувреме, во кое постигна 20 од своите 27 поени, додека во вториот дел диригентската палка ја презеде Гилгеус-Александер, кој постигна 25 од вкупно 32 поени во тој дел од играта.

Кај домашниот тим најефикасен беше Брендон Инграм со 30 погодоци, Јонас Валанчиунас додаде 16 со 18 скока, додека Треј Марфи и Херберт Џонс постигнаа 21, односно 20 коша.

Натпреварот беше отворен до самиот крај, Гилгеус-Александер ги погоди двете слободни фрлања на 2,8 секунди до крајот за водство на Тандер од 121:118, на домашниот тим му требаше „тројка“ во преостанатото време, но Џонс погррешно да дофрли топката до МекКолум, таа заврши надвор од полето па до тој обид за „тројка“ и воопшто не дојде, а конечниот резултат го постави Гилгеус-Александер со уште две слободни фрлања.

За да влезат во плејофот и да се соочат со првиот носител Денвер Нагетс во првото коло, на Тандер ќе им биде потребна уште една победа на гости, во петок навечер против Минесота Тимбервулфс. Пеликанс, пак, со овој пораз ја завршија сезоната.

Интересно беше и во Торонто каде на крајот гостинските Чикаго Булс ги победија домашните Репторс со 109:105. Чикаго го зазеде и 10-то место во својата конференција во лигата, а сега од влез во плеј-офот го дели уште една победа на гости, која ќе се обиде да ја постигне ноќта од петок кон сабота против Мајами Хит.

Домашните Репторси ја контролираа играта во првото полувреме, на пауза заминаа со водство од 58-47, кое по три минути игра во третата четвртина го зголемија на 66:47, но потоа Зек ЛаВин ги „запали моторите“ и поведе Биковите до пресврт. ЛаВин 30 од своите 39 поени ги постигна во вториот дел, па Булс во последната минута имаа предност од 107:104. При тој резултат, на 12 секунди до крајот, судиите проценија дека Алекс Карузо направил прекршок врз Паскал Сијакам кога првиот стрелец на домаќините се обиде да шутира за „тројка, па Сијакам доби шанса да го израмни резултатот од линијата за слободни фрлања. Сепак, тој погоди само еден од трите шута, а потоа Никола Вучевиќ ги погоди двете слободни фрлања за Булси и ги доведе до недостижни 10:-105.

Покрај ЛаВин, за Булс одличен беше и поранешниот играч на Репторс, Демар Дерозан со 23 поени, додека кај домашните најдобри беа Сијакам со 32 поени и 9 скока и Фред ВанВлит со 26 коша, 12 скока и 8 асистенции.

Победникот од натпреварот Мајами – Чикаго во првото коло од плејофот за противник ќе го има првиот тим на Истокот и целата лига Милвоки Бакс.