Најдобрата кошаркарска лига во светот како и обично на Божик имаше богата програма, а на распоредот беа пет натпревари.
По продолжението, Денвер Нагетс ги победија Феникс Санс со 128:125, Голден Стејт Вориотс славеа над Мемфис Гризлис со 123:109, Бостон Сеилктикс ги победија Милвоки Бакс со 139:118, Филаделфија 76-ерс беа подобри од Њујорк Никс со 119:112, додека Далас Мавериск славеа над Лос Анџелес Лејкерс со 115:12.
Во најинтересниот меч на вечерта, Денвер ги победија Феникс со 128:125 по продолжение во нивната „Бол Арена“. Денвер почна подобро, водеше со 13:2, па 26:11, но Санс намалија на 24:28. Во втората четвртина гостите го свртеа резултатот и водеа со шест разлика (57:51), а водството го задржаа и на крајот од третата четвртина (84:81). Во последниот дел видовме изедначена игра, а Денвер победи со забивањето на Џамал Мареј на 11 секунди пред крајот. Во продолжението Денвер „побегна“ на +6 (121:115), но гостите стигнаа до поен засотанување на една минута пред крајот (123:124), а на 11 секунди до крајот имаа напад за ново продолжение, но Лендри Шамет промаши за „тројка“.
Никола Јокиќ беше најдобар играч во победничките редови со 41 поен, 15 скока и 15 асистенции, Арон Гордон постигна 28 поени со 13 скока, додека Џамал Мареј постигна 26 поени. Во редовите на Санс, за кои не настапи Дарио Шариќ, најефикасни беа Шамет со 31 поен и шест асистенции и Деандре Ајтон со 22 поени и 16 скока.
Денвер води на Западот со 21 победа и 11 порази, додека Феникс е четврти со скор 19-15.
Бостон го победи Милвоки со 139:118 предводен од Џејсон Тејтум, кој го забележа петтиот последователен натпревар со најмалку 30 поени. Овојпат Тејтум застана на 41 поен, седум скока и пет асистенции. Одличен беше и Џејлен Браун со 29 поени, а двоцифрени постигнаа и Дерик Вајт (12), Грант Вилијамс (11) и Ал Хорфорд (11). На спротивната страна најефикасен беше Јанис Адетокумбо со 27 поени и девет скока, Џру Холидеј постигна 23, а Брук Лопез постигна 16 поени.
Тоа беше 24-та победа за Бостон, кој е водечки тим на Истокот, пред Бакс кои имаат скор 22-11.
Голден Стејт победи против Мемфис со 123:109 без повредениот Стеф Кари. Џордан Пул ги предводеше Вориорс со 32 поени, Клеј Томпсон додаде 24 поени и девет скока, а Донте ДиВинченцо постигна 19 поени. Кај Гризлис најефикасен беше Џа Морант со 36 поени, седум скока и осум асистенции.
Во претходниот натпревар, Далас Маверикс го победија Лос Анџелес Лејкерс со 124:115. Мечот го реши третата четвртина која Далас ја доби со дури 30 поени разлика (51:21). Лејкерси беа подобри до полувремето, водеа со 54:43 на паузата, но нивната игра се распадна во третата четвртина. Тој дел од играта домашните го добија со 51:21, а потоа ја одбранија предноста во последната четвртина.
Далас стигна до 18-та победа сезонава со 16 порази, предводен од словенечкиот кошаркар Лука Дончич со 32 поени, девет скока и девет асистенции, Кристијан Вуд додаде 30 поени, осум скока, седум асистенции, а Тим Хардавеј со 26 поени и шест скока. За Лејкерси, кои го забележаа 20-от пораз, најефикасен беше Леброн Џејмс со 38 поени, шест скока и пет асистенции, Расел Вестбрук со 17 и Остин Ривс со 16 поени.
Успешни беа и кошаркарите на Филаделфија 76ерс кои на гости ги совладаа Њујорк Никс со 119:112, забележувајќи ја осмата последователна победа. Домашните подобро влегоа во натпреварот, Никс поведоа со 12-4, водеа со 20-13 и 30-16, а по првата четвртина имаа и 12 поени предност (37:25). Сиксерси возвратија во вториот дел, а Никс на полувреме заминаа со резултат (63:60). Во третата четвртина домашните се одлепија на +9 (87:78), но Филаделфија уште еднаш се врати, намалувајќи ја негативата на само кош (95:96). Во последната четвртина Сиксерси ја зацврстија одбраната, поведоа со 108:100, а на 4:40 минути пред крајот имаа големи 116:102, кои се покажаа како недостижни.
Сиксерси до победата ги предводеа Џоел Ембиид со 35 поени и осум скока и Џејмс Харден со 29 поени и 13 асистенции. Жорж Нианг додаде 16 поени, а Де Ентони Мелтон 15 поени. Џулиус Рендл со 35 поени и осум скока и Џејлен Брунсон со 23 поени и 11 асистенции беа најефикасни кај противниците.
Тоа беше 20-та победа сезонава за Сиксерси со 12 порази, додека Њу Никс имаат скор од 18-16.