НБА лига: Вембањама и Холмгрен ја предводат најдобрата дебитантска петорка во сезоната

Францускиот центар на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама и центарот на Оклахома Сити Тандер, Чет Холмгрен, ја предводат најдобрата петорка на дебитантите во сезоната, објави НБА лигата.

Вембањама и Холмгрен се именувани на сите 99 гласачки ливчиња на Комитетот на спортски новинари и радиодифузери.

Во првата петорка на „рукуте“ во НБА лигаа се и Брендон Милер (Шарлот Хорнетс), Хаиме Јакез (Мајами Хит) и Брадин Поџиемски (Голден Стејт Вориорс).

Членови на втората петорка на „ол-руки“ се Дерек Лајвли II (Далас Маверикс), Ејмин Томпсон (Хјустон Рокетс), Кејонте Џорџ (Јута Џез), Кејсон Валас (Оклахома Сити Тандер) и ЏиЏи Џексон II (Мемфис Гризлис).

Вембањама, кој беше број 1 на НБА драфтот во 2023 година, имаше просек од 21,4 поени, 10,6 скока, 3,9 асистенции и водечки е во лигата со 3,6 блокади на 71 натпревар.

Холмгрен во 82 натпревари имаше просек од 16,5 поени, 7,9 скока и 2,3 блокади. Тој беше втор пик на драфтот во НБА во 2022 година, но ја прошти сезоната 2022/23 поради повреда на стапалото.