Кошаркарите на Денвер Нагетс на домашен терен ги победија Атланта Хокс со 139:120, а ги предводеше повторно Никола Јокиќ со 23 поени, 17 скока и 15 асистенции за неговиот 14-ти „трипл-дабл“ учинок сезонава и трет во четири те послени натпревари. Србинот мина помалку од 30 минути игра на теренот, што го прави неговто остварување дострел единствено.
Расел Вестбрук постигна 16 поени и 11 асистенции, а Мајкл Портер Џуниор и Џамал Мареј имаа по 21 поен за Нагетс, кои постигнаа 130 или повеќе во четири натпревари по ред. Треј Јанг ги предводеше Хокс со 30 поени и девет асистенции, а Де’Андре Хантер имаше 20 поени додека Атланта ја прекина серијата од четири победи.
Џош Харт го имаше својот втор последователен „трипл-дабл“, а Карл-Ентони Таунс заврши изминатата ноќ трет натпревар по ред со постигнати најмалку 30 поени и 10 скока, за десеткуваните Њујорк Никс во славјето на гостинската Јута Џез со 119:103.
Никс ја продолжија победничката серија на девет натпревари и покрај отсуството на ѕвездата, плејмејкерот Џејлен Брунсон, кој пропушти натпревар првпат оваа сезона, и резервистот Мајлс Мекбрајд, кој требаше да стартува на местото на Брунсон. Харт не постигна кош до последните секунди од првото полувреме, но сепак заврши со 15 поени, 14 скока и 12 асистенции. Таунс имаше 31 поен и 21 скок и стана само третиот играч на Никс во историјата на тимот – приклучувајќи им се на членовите на Куќата на славните Боб Мекаду и Патрик Јуинг – со најмалку 30 поени и 10 скока во три последователни натпревара. Колин Секстон и резервистот Џордан Кларксон постигнаа По 25 поени за Јута.
Скоти Барнс впиша 33 поени и 13 скока во дуелот во кој Торонто Рапторс ја прекинаа серијата од 11 порази со победата од 130:113 над гостинските Бруклин Нетс. Играчот на Торонто, Имануел Квикли, се врати откако пропушти 22 натпревари поради повреда на лактот и додаде 21 поен и 15 асистенции. Грејди Дик постигна 22 поени и имаше три украдени топки. Кошаркарот на Бруклин, Д’Анџело Расел, играјќи го својот прв натпревар откако беше трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс, постигна 22 поени.
Кам Витмор постигна 18 поени од клупата и му се придружи на Алперен Сенгун за да поведе решавачка серија во втората четвртина која им помогна на Хјустон Рокетс во победата на гостувањето кај Далас Маверикс (110:99). Сенгун имаше 23 поени и пет украдени топки за Хјустон, Џејлен Грин постигна 22 поени, додека Дилон Брукс додаде 19 поени и шест скока.
Клеј Томпсон постигна 16 поени за Маверикс, додека Кајри Ирвинг додаде 16 поени и седум скока. Покрај нивниот водечки стрелец, Лука Дончиќ, Маверикс го загубија и ПиЏеј Вашингтон поради истегнување на десното колено.
Тајлер Херо постигна 32 поени и предоведеш двоцифрени пет стрелци на Мајами Хит, кои им го нанесоа на Њу Орлеанс Пеликанс 11-от последователен пораз, а Бам Адебајо додаде 23 поени, 10 асистенции и девет скока за Хит. Џими Батлер се врати по отсуството во пет натпревари предизвикано од болест слична на грип и заврши со девет поени за 25 минути. Три Марфи Трети постигна 34 поени – еден од неговите рекорди во сезоната – а СиЏеј МекКолум додаде 22 за Пеликанс, најлошио моментално тим во НБА, кој загуби 20-ти пат во последните 21 натпревар.
РЕЗУЛТАТИ
Хјустон Рокетс – Далас Маверикс 110:99
Денвер Нагетс – Атланта Хокс 139:120
Детроит Пистонс – Орландо Меџик 105:96
Вашингтон Визардс – Чикаго Булс 125:107
Мајами Хит – Њу Орлеанс Пеликанс 119:108
Њујорк Никс – Јута Џез 119:103
Торонто Репторс – Бруклин Нетс 130:113
Сакраменто Кингс – Филаделфија 76ерс 113:107
ТАБЕЛИ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Кливленд Кавалирс 29 4 87,9
Бостон Селтикс 24 9 72,7
Њујорк Никс 24 10 70,6
Орландо Меџик 20 15 57,1
Милвоки Бакс 17 14 54,8
Мајами Хит 17 14 54,8
Атланта Хокс 18 16 52,9
Индијана Пејсерс 16 18 47,1
Детроит Пистонс 15 18 45,5
Чикаго Булс 15 19 44,1
Филаделфија 76ерс 13 18 41,9
Бруклин Нетс 12 21 36,4
Торонто Репторс 8 26 23,5
Шарлот Хорнетс 7 25 21,9
Вашингтон Визардс 6 25 19,4
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Оклахома Сити Тандер 27 5 84,4
Мемфис Гризлис 23 11 67,6
Хјустон Рокетс 22 11 66,7
Денвер Нагетс 19 13 59,4
Далас Маверикс 20 14 58,8
Лос Анџелес Клиперс 19 14 57,6
Лос Анџелес Лејкерс 18 14 56,3
Минесота Тимбервулфс 17 15 53,1
Сан Антонио Спарс 17 16 51,5
Голден Стејт Вориорс 16 16 50,0
Феникс Санс 15 17 46,9
Сакраменто Кингс 15 19 44,1
Портланд Трејл Блејзерс 11 21 34,4
Јута Џез 7 25 21,9
Њу Орлеанс Пеликанс 5 29 14,7