НБА: Милвоки израмни во финалето, одлична игра на Мидлтон

Во четвртиот натпревар од серијата за титулата во НБА лигата, Милвоки Бакс ја забележаа втората последователна победа на свој терен, совладувајќи ги во возбудлив дуел Феникс Санс со 109:103, па сега финалната серија која се игра во четири победи се израни на 2-2.

Во израмнетиот натпревар Феникс во поголемиот дел од натпреварот беше во вдоство и на почетокот од последната четвртина имаше девет поени предност. Но ниеден од тимовите во текот на средбата немаше двоцифрена предност.

На две минути и 52 секунди до крајот при израмнување 97:97, во серија влезе Крис Мидлтон кој во овој период постигна 10 поени, а мечот го заврши со 40 коша. Јанис Адетонкумпо впиша 26 поени, 14 скокови и 8 асистенции. Брук Лопез додаде 14, а Џру Холидеј 13 поени за Милвоки.

Кај Феникс Санс брилјираше Девин Букер со 42 коша, додеа Џеј Кроудер впиша 15 поени, 8 скокови и 3 блокади. Центарот Деандре Ејтон постигна само 6 коша, но оствари 17 скокови, оека потвфрли Крис Пол, кој постигна само 10 поени со лош шут од 5 од 13 и дури пет загубени топки.

Следниот натпревар ќе се игра во Феникс во недела во 3 часот по македонско време.

Милвоки својата единствена титула ја освои во 1971 година, а последното финале го играа во 1974 година. Беше тоа во периодот кога за Бакс играа големите ѕвезди на НБА Лигата, Карим Абдиул Џабар и Оскар Робертсон.

За Санс, пак, ова е трето финале во НБА лигата по 1973, 1993 и 2021. Во последното во 1993-та ги предводеше Чарлс Баркли кој во таа сезона беше и најкорисниот играч., но финалето загиубија со 2-4 во поебдите од Чикаго Булс предводени од Мајкл Џордан.