Иако сосема неочекувано, натпреварот се претвори во дуел на Расел Вестбрук и Кавај Ленард со тоа што првиот заврши со 33 поени и десет асистенции, а вториот 32 поени и осум скока.
Лос Анџелес Лејкерс покажа дека е способен за напредок во новата сезона, но во првиот меч доживеа минимален пораз од Минесота на домашен терен со 112:111.
Можеби нештата ќе беа поинакви ако Вулфс го немаа Рики Рубио кој одигра еден од своите најдобри натпревари во НБА лигата постигнувајќи 28 поени и 14 асистенции. Коби Брајант беше најефикасен во својот тим со 24 поени, но со очаен шут 8/24 од поле вклучувајќи 3/13 за тројка.
Откако на отворањето го совлада Кливленд на домашен терен, Чикаго ноќеска славеше и на гости кај Бруклин со 115:100 за втор триумф во новата сезона.
На површина повторно излезе тимската игра на Булс, па целата стартна петорка заврши со двоцифрен број поени при што најефикасен беше Џими Батлер со 24 поени. Кај Бруклин, прв стрелец беше Брук Лопез со 26 поени.
Резултати:
Бруклин – Чикаго 100:115
Орландо – Вашингтон 87:88
Бостон – Филаделфија 112:95
Детроит – Јута 92:87
Мајами – Шарлот 104:94
Торонто – Индијана 106:99
Хјустон – Денвер 85:105
Мемфис – Кливленд 76:106
Милвоки – Њујорк 97:122
Оклахома – Сан Антонио 112:106
Феникс – Далас 95:111
Портланд – Њу Орлеанс 112:94
Сакраменто – ЛА Клиперс 104:111
ЛА Лејкерс – Минесота 111:112