Сите четири екипи во Источната конференција на НБА лигата кои се бореа за позиции во „плеј-ин“ турнирот, остварија победи во последните натпревари од основниот дел од сезоната, па се задржаа на местата на кои беа пред неделните дуели.
Така, Бруклин Нетс ноќта од вторникот кон средата по средноеврпско време (во 1 часот ќе ги пречекаат Кливленд Кавалирс во натпреварот за позицијата на 7-ми носител. Поразените од овој дуел ќе играта за позицијата на 8-от носител против победникот од мечот во кој Атланата Хокс ќе ги пречекаат Шарлот Хорнетс ноќта од средата кон четвртокот, исто така во 1 часот.
Последниот ден од основниот дел на сезоната Бруклин Нетс во својот „Баркли Центар“ ги победија Индијан Пејсерс со 134:126. Кливленд пред своите навивачи беа подобри од Милвоки Бакс со 133:115, Шарлот Хорнетс како домаќини ги совладаа Вашингтон Визарс со 124:108, а Атланта Хокс со 130:114 славеа на гостувањето кај Хјустон Рокитс.
Актуелните прваци од Милвоки во последниот меч ги одмараа сите главни играчи: Јанис Адетокумбо, Џру Холидеј, Крис Мидлтон и Боби Протис, со што практично им ја препуштија победата на Кливленд и со тоа им отворија врата на Бостон Селтикс со победата на гостувањето во Мемфис да го освојата второто место во Источната конференција. Бакс не можат да завршат пониско од третото место,
Селтикс доколку бидат празени во Мемфис и домашна победа на Филаделфија во соочувањето со Дертоит Пистонс односновниот дел од сезоната ќе го завршат на четвртокот место. Први во Источната конференција се Мајами Хит, бројот 5 за доигрувањето го имаат Торонто Репторс, а бројот 6 Чикаго Булс.
Во Западната конференција од предхотно веќе беше познато дек за позицијата на 7-от носител во доигрувањето Минесота Тимберволфс ќе им бидат домаќини на Лос Анџелес Клиперс ноќта од вторникот кон средата, во 3,30 часот, вечер подоцна Њу Орлеанс Пеликанс во истиот термин ќе ги пречекаат Сан Антонио Спарс во дуелот на деветтата и десеттата екипа.
Натпреварите за позицијата на 8-от носител во доигрувањето на распоредот се ноќта од петокот кон саботата.