НБА: Убедливи победи на Бруклин и Феникс

Кошаркарите на Бруклин Нетс ноќта кон вторникот на својот паркет ги прегазија Милвоки бакс со125:86 во полуфиналната серија во Источната конференција на НБА лигата, додека на Западот, Феникс Санс исто така на домашен терен беа супериорни против Данвер Нагетс со 122:105.

Бруклин по синоќешната победа со 39 коша разлика поведоа со 2-0 во серијата до четири победи. Веќе на полувременот Нетс имаа 24 поени предност, а до крајот на мечот таа само се зголемуваше и во еден момент стаса до 49 коша разлика.

Кевин Дјурант ги предводеше Нетс со 32 коша, Кајри Ирвинг додаде 22 а Цо Харис и Брус Браун по 13 поени. Кај Бакс, пак, Јанис Адетонкупно впиша 18 поени со 11 скокови, а Крис Мидлтон постигна 17 коша,

Феникс Санс, пак, кои во првото коло од доигрувањето ги елиминраат бранителите на титулата Лос Анџелес Лејкерс, ја впишаа четвртата последователна победа во плеј-офот. Во првиот дуелт од полуфиналето во Западната конференција ги совладаа Денвер Нагетс со 122:105, а дуелот дефинитивно го решија на почетокот од последната четвртина кога поведоа со 18 коша разлика (102:84).

Четворица играчи на Феникс постигнаа по 20 и повеќе коша. Крис Пол забележа 21 кош и 11 скокови, Микал Бриџес 23 а Девин Букер 21 поен, додела центаро Деандре Ејтон впиша 20 коша и 10 скокови. Денвер ги предводеше српскиот центар Никола Јокиќ со 22 коша и 9 скокови, Аарон Гордон додаде 18 а Мајкл Портер 15 поени.