НБРМ: Лани станбените кредити скокнале за 12,7 отсто

Годишен раст од 4,9 отсто на вкупните депозити и од 9,4 отсто на вкупната кредитна поддршка во декември 2022 година, регистрира Народната банка. На годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 4,9 отсто, во услови на зголемување на депозитите кај двата сектора, информираат од Банката.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,4 отсто. Годишниот раст се должи на повисокото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор.

Во декември, според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапени се потрошувачките и станбените кредити. Годишната стапка на раст кај потрошувачките кредити е 6,3 отсто, додека кај станбените 12,7 отсто. Автомобилските кредити на годишно ниво се зголемени за 9,1 отсто. Кредитите одобрени на кредитни картички се згоглеми за 0,7 отсто, додека остварија годишен раст од 1 отсто.