Не цвета љубовта помеѓу Крос и челниците на Баерн (М)

Дека не во некоја љубов со клупските челници, репрезентативецот на Германија и фудбалер на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Тони Крос потврди со изјавата дека неуспешно завршиле преговорите околу новиот договор.

„Многу се пишува, особено во изминатите неколку дена за мојата иднина на ’Алианс Арена’. Сепак, не треба да верувате во се што е напишано. Факт е дека сум среќен во Минхен и дека сум среќен што сум дел од Баерн (М). Факт е дека не најдовме заеднички јазик околу новиот договор. Актуелниот ми завршува во 2015 година и јас не гледам некаков голем проблем околу соработката. Сега целосно сум фокусиран на целите кои мора да ги исполниме во актуелната сезона, а ќе видиме што ќе донесе блиската иднина”, изјави одличниот играч за врска.