Не е оправдана третата доза од вакцината против Covid-19, велат експертите

Употребата на третата доза од вакцините против Covid-19 кај целото население засега не е оправдана, оценила во понеделникот стручњаците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) и американската Агенција за храна и лекови (FDA).

„Вакцините, коишто ги има во ограничени количества, ќе спасат најмногу животи доколку им ги дадеме на лицата изложени на голема опасноста од тешка форма на Covid-19 и кои сѐ уште не се вакцинирани“, напишаа стручњаците во студијата објавена во британското медицинско списание The Lancet.

„Сегашните податоци на ја покажуваат потребата од повторно вакцинирање на целата популација, кај коишто ефикасноста против тешките форми и натаму е висока“, се додава во објавата на меѓународниот тим стручњаци во кој има експерти од WHO и FDA и неколку истражувачки организации од целиот свет.

Можноста од дополнителна, најчесто третата доза за целото население е тема на бурна дискусија во научните средини.

Во земји, како Франција на пример, започна вакцинирањето со третата доза за некои категории население и тоа навозрасните шест месеци по вакцинирањето со двете дози и лицата со ослабен имунолошки систем. Овие земји тоа го правдаат со падот на ефикасноста против делта варијантата на коронавирусот, а се чини дека со текот на времето тој пад зајакнува.

Некои земји отидоа и подалеку. Така, во Израел третата доза е на располагање за сите повозрасни од 12 години, пет месеци по вакцинирањето со двете дози, а САД ја започнуваат кампањата за дополнително вакцинирање од 20-ти септември, почнувајќи од највозрасните.

Но СЗО и досега повеќепати ги отфрли принципот на третата „бустер“ доза за целото население, и смета дека оваа мерка не е научно заснована и ја истакнува нееднаквоста со сиромашните земји.

Експртите чија статија е објавена во The Lancet сметаат дека иако нивото на антителата со текот на времето опаѓа кај вакцинираните, тоа не значи дека вакцините се помалку ефикасни против тешките форми на Covid-19.

Тие го истакнуваат уште еден вид имунолошки одговор, клеточниот имунитет, кој е потешко измерлив. Покрај тоа, препорачуваат развој на дополнителни вакцини специјално осмислени за резистентните варијанти на вирусот коишто во иднина би можело да се јават, наместо употреба дополнителни дози на постојните вакцини.