![nejmar psg](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/nejmar-psg.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Фудбалерите на Пари Сен Жермен се издвоија на врвот од табелата на француското првеснтво откако минимално со 1:0 славеа на гости протви Лион во мечот од шестото коло.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Нејмар во 87 минута. Бразилецот и минатото коло, во неговиот прв повратнички меч за париските „Светци“ против Стразбур го постигна единствениот победнички гол, во втората минута од судиското продолжение.
ПСЖ сега има 15 бодови, три повеќе од Анжер и Ница, додека Лион е деветти со осум бодови.
Резултати
Стразбур – Нант 2:1
Марсеј – Монпелје 1:1
Мец – Амјен 1:2
Бордо – Брест 2:2
Ница – Дижон 2:1
Нимс – Тулуз со 1:0
Ремс – Монако 0:0
Рен – Лил 1:1
Анжер – Сен-Етјен 4:1
Лион – ПСЖ 0:1