![orgazam11 Имате ли проблем во доживување на оргазам? Еве во што е проблемот...](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/06/orgazam11.jpg?resize=615%2C272&ssl=1)
Една од важните теми која се провлекува во женските разговори е оргазмот. Не постои жена која барем еднаш не изглумила оргазам за да не го повреди егото на својот партнер. Но, исто така, многу припаднички на женскиот пол се жалат дека никогаш не доживеале оргазам.
Многу жени вината ја гледаат во партнерот, но мора да знаете дека за танго се потребни двајца.
Одговорете искрено на овие прашања за да сфатите во што е проблемот.
Дали сте посветени на предигра? Доколку мислите дека самиот акт е доволен за доживување оргазам, се лажете. Во кликторисот се наоѓаатт многу повеќе нервни завршетоци отколку во вагината, така што не ја потценувајте Г-точката.
Дали му кажувате на партнерот што ви одговара? Бидете слободни и кажете му како да ви пружи задоволство. Потребно е да се активираат 237 мускули за да одглумите оргазам, но само 15 за да му кажете на вашиот партнер каде се наоѓа клиторисот. запомнете го тоа.
Дали носите чорапи за време на сексот? Иако ова може да ви звучи смешно, исто така може да биде еден од значајните фактори бидејќи ако нозете ви се ладни тоа може да се однесува и на останатите делови од телото. Една холандска студија покажала дека 50 отсто од жените кои не носат чорапи за време на сексуалниот чин имаат проблем со оргазмот, а само 20 отсто од тие што носат го имаат тој проблем.
Дали вршите мала нужда пред интимниот однос? Полна бешика може значително да ви ја разниша опуштеноста која е неопходна за оргазам.
Дали сте во врска? Да, сексот за една вечер со странец знае да биде прилично возбудлив, но исто така, колку и да се опуштени и со самодоверба, покажување на вашето тело на непознат носи доза на непријатност, која, пак, влијае на опуштеноста. Од друга страна интимата која ја имате со партнерот е одлиќен предуслов за опуштеност.
Размислувате ли за време на сексто дали ќе свршите? Немојте. Тоа ќе го направи само потешко тоа кон што целите.
Дали мастурбирате? Не постои друг начин да го истражите своето тело и да сфатите што ви одговара ако не се самозадоволувате. Како некој друг ќе умее да ве задоволи ако вие не умеете тоа да го направите сами.
Користите ли сексуални помагала? Многу стручњаци го препорачуваат овој вид на игра, бидејќи тоа максимално ќе ве опушти.
Спиете ли со партнерот откако ќе испете неколку чаши алкохол? Една чаша е препорачлива за опуштање, но повеќе само ќе ги затапат вашите сетила и ќе ви оневоможат да го почувствувате вистинското задоволство.
Сето ова е прилично едноставно. Се’ што треба да направите е да се ослободите и се ќе тргне само од себе. Немојте никогаш да глумите оргазам само за да не повредите некој, бидејќи на тој начин се повредувате само себе си, бидејќи му ја скратувате на вашето тело можноста да го искуси едно од најубавите чувства на светот што ги буди сите сетила.