![dozd-cador](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/dozd-cador.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Во наредните денови под влијание на серија влажни бранови се очекуваат врнежи на дожд и над 30л/м2, информира Координативното тело за управување со кризи.
Координативното тело за управување со кризи упатува препораки до ЕЛС и Градоначалниците, ДЗС, ЦУК, ЕВН АРМ и МВР.
- градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси,
- градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР,
- градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување,
- градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,
- континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.
- ЕЛС да интервенира на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки,
- сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК,
- припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција
- возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ,
Надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.