Не се договориле за поделба на имотот, па се тепале во двор во Ѓорче Петров

На 23.08.2022 околу 22:30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во дворно место на подрачје на Ѓорче Петров, по претходна расправија и нерасчистени имотно правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.М.(22), Т.М.(41) и С.А.(64), сите од Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.