Небулозно е да се зборува за избори додека трае вонредбата состојба

Додека трае вонредната состојба во државата поради коронавирусот, небулозно е да се зборува за одржување на какви било избори, рече правниот аналитичар Александар Даштевски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“.

„Поентата беше да се добијат трите мислења од трите тела кои се најважни за спроведување на изборите, Комисијата за инфективни болести , Државната изборна комисија и ОБСЕ и сите подеднакво се важни за одржување на изборите и затоа беше побарано мислење од нив. Како што видовме и вчера од изјавата на министерот за здравство тој не е оптимист во застанувањето на пандемијата, туку напротив смета дека не е баш добра ситуацијата. Се додека не прекине вонредната состојба небулозно е да се зборува за било какви избори“, истакна Даштевски.

Додаде дека Комисијата за заразни болести јасно не потенцира дали ќе се намали или зголеми бранот на коронавирусот за да може да се одржат избори, а исто така и ДИК јасно кажува дека за спроведување на изборите им се потребни најмалку 30 дена и тоа мора да се почитува.