Како што најавуваат метеоролозите високите температури ќе се задржат до сабота, а од последниот ден на оваа седмица, односно од недела веќе може да се очекува мало освежување и пад на температурите.
Денеска сончево и топло со температура до 38 степени
Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ-индексот ќе изнесува 8. Утринската температура ќе е движи од 13 до 21, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 38 степени.
![Денеска сончево и топло со температура до 38 степени](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/mnogu-toplo-gulab.jpg?resize=640%2C431)
Во Скопје ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 19, а дневната до 37 степени.
Од недела пад на температурите
До сабота ќе се задржи претежно стабилно и топло време, а дневните температури вдолж Повардарието ќе имаат надпросечни вредности. Од недела во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и појава на грмежи, а дневните температури постепено ќе опаѓаат.