До недела топло, потоа повторно дожд

До недела ќе се задржи претежно сончево време со пораст на температурите, а особено топло ќе биде за време на викендот, информираат од УХМР.

Во недела кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи, а во почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 степени. УВ индексот изнесува 9.