Неделен хороскоп, од 02.01.2023 до 08.01.2023

ВОДОЛИЈА
Расположени и со голема желба ќе ги зацврстите контактите со луѓе со кои можете да имате заемна корист. Тимската работа ќе ви отвори нови можности, подобрувајќи ги и вашите финансии. Ориентацијата ви е точна, не грешите но не минувајте ги границите на прифатеното, изложувајќи се на опасност себеси. Грижете се за себе, не занемарувајте ја релаксацијате и потреба од повеќе воздух, светлина, пријатели, мир и љубов. Разликувајте ги вашите чувства од емоциите и не го покажувајте вашето лошо расположение пред луѓе кои не го заслужуваат тоа на ниеден начин. Добрите односи се гаранција за вашиот успех, со вашето влијание можете да постигнете чуда, потребна е поголема отвореност. Ќе го подобрите вашиот живот до различен степен, доволно е да ги искористите ситуациите на добар начин. Патувањето ќе ве исполни со позитивна возбуда доколку сте опкружени со луѓе што ги сакате. Покажете ја својата дарежливост и не штедете напор да ги израдувате блиските.

БИК
Финансиските тешкотии во вас будат несомнени моќи за справување со кризата, кои ќе се манифестираат во наредните денови. Со волја и ентузијазам ќе почнете да ги имплементирате вашите смели идеи, кои се главно остварливи. Некои ќе се фокусираат на дополнително вработување, поддршка на нивниот буџет, а други ќе ги сменат претходните занимања со нови, надевајќи се дека ќе им обезбедат подобри приходи. Ако имате намера да започнете нов проект, не брзајте додека не сте апсолутно убедени дека е вистинското време. Во спротивно, ќе ги зголемите обврските, меѓу кои и ќе треба да ги завршите веќе започнатите задачи. Со ослободување од вашите емоционални и други зависности, ќе го отстраните товарот што ќе направи простор за нови случувања, аспирации и желби.

БЛИЗНАЦИ
Работата целосно ќе ве ангажира и ќе имате малку време за вашиот личен живот. Свесно ќе ги насочите напорите на области кои ви се при срце и ќе бидете задоволни со постигнатото. Не се обврзувајте на сите задачи кои каскаат зад извршувањето на вашите проекти. Барајте соработка од другите за да не се преоптоварувате физички и психички. Не влегувајте во конфликти, тие ќе ви го уништат расположението и нема да постигнете многу. Но нема да толерирате ниту луѓе кои не го покажуваат својот потенцијал. Вашите напори ќе бидат наградени. На непобитен начин ќе ја покажете својата непоколебливост да го имате она за што се борите. И ќе успеете. Вашиот ум е вашиот приоритетен партнер и предност е што му давате водечка улога во вашиот живот. За некои од вас – среќно враќање.

РАК
Скротете ги вашите амбиции за побрзо да ги видите резултатите од вашиот труд. Ако сте трпеливи и организирани, ќе избегнете разочарувања и ќе ги зголемите вашите барања. Оние од вас кои имаат планови да го развијат својот бизнис, треба да ја изберат вистинската личност која ќе ги поддржи финансиски и со совети. Вашите здравствени грижи, ваши или на некој близок, постепено исчезнуваат, но не престанувајте да се грижите. Почесто прашувајте луѓе кои знаат и биле на вашиот пат. Имате став да учите од искуствата на другите без да се грижите за вашиот имиџ. Оние чија свест и размислување се разбудени за новитетите ќе бараат начини за профитабилни инвестиции. Искуството ќе им помогне лесно и смело да поминат низ непознатите области на животот. Ако вашите намери се чисти, ќе привлечете поддржувачи и ќе добиете поддршка. Во добро расположение ќе се препуштите на забавата, ќе создадете нови врски и пријателства, бидејќи тоа сте вие ​​- весели и отворени за живот.

ЛАВ
Со откривање на повеќето од вашите квалитети во наредните денови, ќе се збогатите финансиски и духовно. Вашата потрага по целосно исполнување ќе ја насочи вашата енергија кон решавање на проблеми од јавна, социјална и политичка природа. Ќе се вклучите во работата за надминување на кризните моменти, покажувајќи ја својата професионалност на конкретното поле. Ќе го проширите вашиот тим со луѓе кои ја докажале својата лојалност и професионалност, и работат за сечии интереси. Вашите напори ќе бидат плодни и со видливи резултати. Водени од внатрешните импулси, ќе ги барате и најдете луѓето, работите и емоциите кои ве прават среќни. Не без возбуда, ќе го откриете вашето значење за одредена личност, а тоа ќе ве направи среќни. Јадете урамнотежена исхрана за да избегнете здравствени нарушувања.

ДЕВИЦА
Со давањето приоритет на задачите кои ви се важни, ќе живеете динамичен и интересен живот. Работите и луѓето кои ве мотивираат да растете и создавате ќе ве поттикнат да ги исполните вашите намери. Мислите ќе ги искажувате на соодветен начин, со кој всушност ќе ги насочувате настаните. Така е, вие го можете тоа и, што е уште поважно, го сфаќате тоа. За ова бидете добри и работете за доброто на сите. Финансиите се тема која е најчесто присутна во вашите мисли, но и ве прави активни во дејствувањето. Во овој поглед, проучете го пазарот и со помош на стручњаци во конкретната област ќе го направите вистинскиот избор за инвестирање. Желбите ќе ве запознаат со романтични места, искуства и емоции, оставајќи убави спомени за моменти на релаксација. Другите ќе патуваат, слуќбено или поради лични работи. Непознатото ќе ве привлече и ќе ви даде храброст одблиску да го запознаете, бидејќи вие сте такви, испитувачки и бестрашни.

ВАГА
Она што се случува ќе ве направи поактивни во вашите постапки и слушајќи го вашиот разум ќе барате побезбедни начини за излез од ситуацијата. Погледнете ги знаците на вашиот пат и прочитајте ги импулсите што доаѓаат одозгора. Ќе имате сила да одолеете на нечии злонамерни предлози кои се обидуваат да ве одвратат од правилните одлуки. Непогрешливо ќе ги откриете и ќе се дистанцирате од нив. Заедно со вашите тешкотии и вашата работа, ќе ги имате и вашите добри искуства. Ќе добивате енергија и совети од вашите најблиски, заедно ќе ги решавате проблемите кои се појавуваат и ќе живеете во разбирање и љубов. Ќе добиете финансиска поддршка или ќе поддржите нечиј потфат. Ќе ги споделите вашите исполнети желби со оние кои ги сметате за важни во вашиот живот. Љубовта ќе го зајакне вашето чувство за значење и ќе ве поттикне да донесувате храбри одлуки. Меѓу нив е и стапувањето во брак, доколку сѐ уште не сте оформиле свое семејство.

ШКОРПИЈА
Ослободувате несомнена енергија којашто, доколку не е насочена во вистинската насока, може да ве скрши. Ќе генерирате смели идеи, но ви требаат луѓе кои ќе ги реализираат. Почитта и авторитетот што сте ги изградиле ќе ви помогнат да привлечете истомисленици и заедно да го постигнете она што го посакувате. Демонстирањето сила би ве оддалечоло од целта. Покажете ја вашата доверба и почит кон луѓето кои го заслужуваат тоа. Вашата самодоверба ќе порасне и од добрите материјални придобивки што наскоро ќе ги имате. Постои ризик од недоразбирања во вашата комуникација предизвикани од прекумерната самобендисаност која може да совлада некои од вас. Она што е создадено со напорна работа и упорност може брзо да исчезне ако не ги подобрите вашите мисли и однесување. Прашувајте кога се сомневате за да не направите грешка.

СТРЕЛЕЦ
Во наредните денови вниманието ќе го насочите не само на вашите непосредни обврски, туку и на начинот на кој комуницирате и се однесувате. Во многу односи има што да се посакува, со оглед на вашата висока самодоверба и емоции кои го одредуваат вашиот став кон еден или друг настан. Во овој поглед, добро е да го стивнете вашето его и да им дадете приоритет на вашите добронамерни мисли и постапки. Покажете дека сте подготвени и спремни да им помогнете на другите. Добивките што ќе следат ќе бидат одговор на вашата потрага по духовен раст. Не избрзувајте, проверете ја вашата работа детално. Постои ризик од несакани последици. Ќе најдете излез од финансиската неволја, не го претворајте во драма. Со дополнително вработување или ангажирање во профитабилни проекти, на вас останува да покажете снаодливост и активност. Во комерцијалната сфера или со недвижен имот, купување и продавање или во својство на посредници, ова се некои од можностите со кои се соочуваат некои од вас. Верувајќи на својот разум и интуиција, лесно ќе се справите со сѐ што бара ваше учество. Семејството ќе се собере околу заедничка цел, којашто треба да се реализира.

ЈАРЕЦ
Повеќе задачи, некои со зголемена тежина, ќе ги окупираат вашите мисли и време во наредните денови. Навикнати сте на обемот на работа и ништо нема да ви ја ослабне вербата и силата, особено што и вие сте мотивирани да ги покажете своите вештини. Со својата работа ќе стекнете почит и доверба од луѓето на кои им се восхитувате и на кои сметате, но што е најважно, постигнувате работи кои се важни за повеќе луѓе. И без да бидете горди, на достоинствен начин ќе одговорите на очекувањата од вас. Откако го пронајдовте вистинскиот тон, ќе работите за конструктивна атмосфера во која секој може да го достигне својот врв. Со вашите мудри одлуки ќе го подобрите животот на многу луѓе, што ве издигнува на повисоко духовно ниво. Во име на справедливоста, дозволете работите што се добри за вас, да допрат до сите. Деловен или друг предлог ќе претходи на вашата иницијатива, со што ќе заштедите време и напор. Во сите случаи останете стабилни, со чувство на одговорност и реализам. Бидете свои.

ВОДОЛИЈА
Фокусирани и свесни за повисоки цели, ќе успеете, отстранувајќи ги ограничувањата на вашиот пат. Објективноста ви помага да ги ослободите вашите посилни страни и потенцијал со наметнување на вашите креативни и иновативни идеи на начин кој е прифатен од повеќе луѓе. Во таква состојба на умот, природно ќе добиете поддршка во случај да ви е потребна. Ќе можете да се потпрете на пријателите, а општата позитивна енергија создадена околу вас може да направи чуда, доколку правилно ја користите. Тоа ќе ги зајакне позициите на храбрите, одлучните и искрените меѓу вас. Но, ако сте пасивни, себични и затворени во себе, треба сериозно да размислите за својата иднина.

РИБИ
Свесно ќе се вклучите во промените како потврда на вашата способност да го промовирате и подобрите животот, вашиот и животот на другите. Во таа насока, ќе ги зајакнете вашите контакти, ставајќи акцент на оние кои би ви олесниле во реализацијата на идеите, проектите, иновациите и сѐ што ќе преземете. Во процесот на вашата работа, ќе ги надминете пречките, ќе барате и откривате кратенки до успехот. Вашата хуманост и предвидливост се квалитети кои ве издвојуваат од многу други околу вас и ќе ве доведат до лидерски позиции. Ќе фаворизирате реализација на туѓи идеи, корисни за повеќе луѓе. Свесни сте за обврските на кои се обврзувате, но тоа не ви пречи. Не дозволувајте крајности во размислувањата и постапките, за да не паднете во самоизолација и разочарувања доколку вашите постапки станат причина за нечие страдање. Некој за кој не сте рамнодушни ќе ве потсети на себеси, имајќи ја предвид вашата зафатеност. Сфатете го како знак за почеток, бидете активни и дејствувајте. Ќе ви биде интересно и пријатно.