![jsp avtobusi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/jsp-avtobusi.jpg?resize=696%2C438&ssl=1)
Ве информираме дека утре, петок (21.04.2023 год), поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат. Жичарницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.
Автобусите и во сабота (22.04.2023 год) ќе возат по неделен возен ред, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време, како и Жичарницата.