![у](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/u.jpg?resize=640%2C421&ssl=1)
Имаме примери и докази за вршење на синдикални лидери кои не се по мерка на овите раководства на установите вели претседателот на СОН, Јаким Неделков . Тој притоа посочува дека ќе се спротистават жестоко на ваквите притисоци.
„Колку Владата да се оградува дека нема надлежности ние сметаме дека имаат надлежности да воспостават ред во синдикалното делување. Секој оној кој врши притосок врз синдикалните лидери тој е подложен на кривичниот законик на Република Македонија на казна затвор од 3 месеци“ вели Неделков.
Во однос на наставничкиот пленум кој не им даде поддршка за денешниот протест тој притоа рече е една неформална група која ништо не значи во секторот образование.
„Мислам дека во последниве денови протуркани од повеќе поратали во Македонија е само маркетинг и ништо не можат да направат во остварување на правата на наставниците. Нема да трошиме енергија на изјави на нерелеватни преставници“ рече Неделков.
Тој посочи дека денешниот протест е предупредувачки и затоа тие дошле во симболична бројка пред Владата на Република Македонија.