Недостиг од аргентински дресови во некои земји

November 22, 2022. REUTERS/Agustin Marcarian

Германскиот производител на спортска опрема „Adidas“ објави дека на некои пазари има недостиг од дресови на аргентинската фудбалска репрезентација во пресрет на неделното финале на Светското првенство во Катар во кое „гаучосите“ на стадионот „Лусаил Ајконик“ во Доха ќе се соочат со бранителите на титулата Французите.

„Поради зголемената побарувачка на аргентинските дресови ширум светот, во некои земји има недостиг. Работиме на тоа да проследиме што поголем рој дресови до навивачите за да можат да го слават ова неверојатно патување за оваа репрезентација“, изјави портпаролот на „Adidas“.

Иако Аргентина беше единствената репрезентација којашто игра во опрема на „Adidas“ која стаса до четвртфиналето, пласманот натаму на селекцијата предводена од Лионел Меси до финалето претставува значаен импулс за германската компанија од која тврдат дека продажбата ѝ се зголемила за 30 отсто во однос на 2018 година, на претходното светско првенство во Русија.

Триесет ипетгодишниот Меси во неделата ќе се обиде својата грандиозна кариера да ја круниса со единствениот трофеј кој му недостига – титулата светски првак.