За прашањата и последните случувања во надворешната политика вчера во премиерската палата разговарале шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и шефот на државата Прокопис Павлопулос. Тие имале средба која имала неофицијален и неформален карактер, според информациите на дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, шефот на грчката дипломатија често го информира грчкиот претседател за темите кои што се во негова надлежност.
Средбата меѓу Коѕијас и Павлопулос се одржа по владината седница, на која, како што веќе објави МИА, имало расправија меѓу шефот на грчката дипломатија Коѕијас и министерот за одбрана и коалициски партнер во грчката Влада, Панос Каменос.