![OJO-Veles-960x580](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/OJO-Veles-960x580-1.jpg?resize=696%2C421&ssl=1)
Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донесе првостепена пресуда против негователката во градинка – Злоупотреба на службената положба и овластување 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или должност во траење од 5 години по правосилноста на пресудата.
Надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на пресудата поради одлуката за кривичната санкција.