Неизвесни ефективните превентивни мерки и услуги за ХИВ од 2016-та

Неизвесни ефективните превентивни мерки и услуги за ХИВ од 2016

Македонија сѐ уште е земја со ниска стапка на ХИВ – инфекција, благодарение на националната превентивна програма, поддршката од Глобалниот фонд и партнерството помеѓу Министерството за здравство и другите јавни установи и граѓанскиот сектор кое се остварува во минативе 12 години.

ХЕРА и Платформата на граѓански организации кои работат на ХИВ направија „Проценка на капацитетите на граѓанските организации коишто спроведуваат програми за ХИВ поддржани од Глобалниот фонд за борба против ХИВ, туберкулоза и маларија“. Во наодите се наведува дека минатата година :

– граѓанските организации опслужуваат 15 илјади припадници на групите граѓани кои се најизложени на ризик од ХИВ-инфекција.

– обезбедени се повеќе од 200 илјади услуги за превенција, грижа и поддршка.

– 15 граѓански организации спроведуваат активности за превенција, грижа и поддршка во врска со ХИВ во рамките на националната програма за ХИВ на Министерството за здравство. Вкупно 160 лица се ангажирани во обезбедувањето на превентивните услуги за ранливите групи граѓани.

По завршувањето на меѓународната поддршка во 2016 година оваа развиена инфраструктура, со обучени човечки ресурси за раководење и нудење на директни услуги за превенција, ќе биде поставена под прашање. За ова говори фактот што дури 8 од граѓанските организации се целосно финансиски зависни од средствата на Глобалниот фонд и постои опасност тие да престанат со работа. Најмногу би изгубиле клиентите кои имаат развиено доверба кон организациите и за кои овие услуги се дел од нивното секојдневие.

Платформата ги поздравува напорите на…