Историскиот пробив на антиестаблишмен партиите, евроскептиците и крајната десница, кои добија рекордно голем број гласови на неделните парламентарни избори во Италија, ја наруши традиционалната поделба на силите и ја воведува земјата во политичка неизвесност.
Движењето коешто го основа сатиричарот Бепе Грило во 2009 година веќе направи изненадување освојувајќи 25 отсто од глсовите на претходните парламентарни избори во 2013 година, а сега му е гарантирано централно место во идниот парламент.
„Првпат во Европа, победуваат антиестаблишментските сили“, се наведува во уредничкиот коментар во дневниот весник La Stampa. „Европската унија ќе има лоша вечер“, коментираше на Twitter во неделата ноќта претседателката на француската крајна десница Национален фронт, Марин Ле Пен. Најџел Фараж, поренешниот челник на британската евроскептична партија UKIP, им честиташе на своите колеги од Движењето пет ѕвезди на Twitter.
Нејзиното предвидување се покажа точно, според првичните делумни резултати и процени на италијанските телевизии, коалицијата којашто ја сочинуваат Напред Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони, поранешната Северна Лига сега само Лига и малата партија Италијански браќа, сигурно добива околу 37 отсто од гласовите, според делумните резултати од две третини од избирачките места.
Меѓутоа, во рамките на коалицијата е Лига на Матео Саливни, евроскептична и антиимигрантска формација, која е сојузничка на Марин Лепен во Европа. И доколку овој сојуз апсолутон победи во смисла на мандатите, што се чини надвор од досегот според делумните резултати, Матео Салвини кој вети протерување на стотици илјади илегални имигранти, би имал право да побара премиерска позиција.
Антиестаблишмент Движењето пет ѕвезди, пак, оствари историски пробив откако на минатите избори стана поединечно најсилна партија во парламентот, сега има и вкупна предност во поглед на мандатите со малку над 32 отсто од гласовите. Овој подем се споредува со успехот на британскиот референдум за излегувње од ЕУ и со победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори.
„Сега сите ќе мора да разговараат со нас“, изјави задоволно еден од нејзините челници Алесандро Ди Батиста, по кампањата која беше насочена против корупцијата и италијанската политичка „каста“.
„Прво Италијанците, Стоп на инвазијата“, беше изборниот плакат на седиштето на Лигата во Милано кој потести во неделата на големите теми на 44-годишниот Матео Салвини во текот на целата кампања, од северот до југот на Апенинскиот полуостров. „Мојот прв коментар е: благодарам!“, напиша на Twitter.
Силвио Берлускони кој во Брисел се претстави како единствениот бастион против „популистите и силите против еврото“, не го оствари очекуваниот резултат на изборите.
Демокатската партија, од левиот центар, на поранешниот премиер Матео Ренци, го потврди во неделата лошиот резултат кој се предвидуваше во анкетите, со помалку од 20 отсто од гласовите, за половина помалку од резултатот остварен на европските избори во 2014 година.
Инаку вкупно левиот центар во кој се четири партии предводени од Демократската партија, освојува 23 отсто од гласовите, според последните податоци.
Италијанскиот Серџо Матарела следните седмици ќе мора да му го довери мандатот за состав на владата на личноста за којашто ќе смета дека е во состојба да осигура мнозинство во парламентот.