Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар во саботата е успешно опериран во бразилскиот град Бело Хоризонте, а операцијата ја извел лекарот на бразилската репрезентација др Родриго Ламар.
„Рехабилитацијата ќе започне веднаш, а постојано ќе биде присутен физиотерапевтот на Пари Сен Жермен, По шест седмици ќе биде направен детален преглед за да се утврди кога Нејмар може да се врати на тренинзите“, соопшти Бразилската фудбалска асоцијација.
Закрепнувањето треба да трае три месеца, но лекарите се сигурни дека Нејмар ќе може да игра за Бразил на мундијалот во Русија кон средината на јуни.
Најдобриот напаѓач на ПСЖ се повреди минатата недела во дербито од францускиот шампионат против Олимпик Марсеј (3:0), кога заработи истегнување на глуждот и напрснување на метатарзалната коска во десното стапало.