Триесет и двегодишен Бугарин кој некогаш крадел возила, сега станал платен советник на водечката германска автомбилска марка „бмв“.
Имено, Димитар, по серија кражби на автомобили во Виена, најпрво бил ангажиран од страна на „бмв“, а потоа почнал да ја советува и полицијата и германските осигурителни компании. Тој исто така држи предавања за австриски и германски полицајци.
Овој човек отвора скапи автомобили за помалку од пет секунди.
Димитар бил принуден да соработува со осигурителните компании и произведувачи на автомобили, откако против него била започната истрага.
Моментално овој крадец работи на заштита на автомобилите од кражби.