![1200 (1)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/07/1200-1.jpg?resize=640%2C384&ssl=1)
Неколку Руси се осомничени за нападот врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, утврдиле британските истражителите. До тој податок дошле со детален преглед на безбедносните камери и анализа на податоците од граничните премини кои имаат податоци за осомничените кои влегле во Велика Британија приближно во времето на нападот.
Скрипал и неговата ќерка во март годинава беа отруени со нервен гас „Новичок“, за кој официјален Лондон тврди дека се произведува единствено во Русија. Тие двајцата неколку недели беа во болница, додека односите помеѓу Москва и Лондон се влошија.
Пред неколку дена во близина на Солсбери пронајдени се маж и жена отруени, исто така со „Новичок“. Даун Стурџис (44) почина во болница осум дена по труењето, додека лекарите и понатаму се борат за животот на 45-годишниот Чарли Роули.
Според британските медиуми, Стурџис била изложена на десетпати поголема количество нервен гас од тоа што било употребено во случајот на труење на Скрипал и неговата ќерка.