Неколку улици во Скопје утре ќе останат без вода

Согласно добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација- Скопје, Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје информира дека за ден 24.08.2022 година има најава за прекин со водоснабдување.

  • поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул. Шарски Одред 10, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. Шарски Одред , дел од Мајка Тереза, дел од ул. Козара, дел од ул. Васил Ѓорѓов и дел од ул. Народен Фронт. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од  09:00 часот до завршување со работните активности. (општина Центар)
  • поради уличен дефект ф-2“ на Петре Георгиев бб, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од  14:00 часот до завршување со санација на дефектот.