Сигурно дека веќе сте забележале дека не постои само една, односно два видови на секс, добар и лош туку постои цела палета на кои можеме да им се препише акцијата. На пример двојките имаат секс за помирување, утрински секс, брзински секс.
Вие и вашиот партнер можеби имате добар секс. Но сепак исполнетаоста на сексуалниот живот подразбира цел спектар на искуства кои едноставно морате да пробате. Ние ви предложуваме неколку видови на секс.
Секс со проширени видици
Двојките кои се долго време заедно копнеат по возбуда, но често не знаат како да го постигнат. Пробајте нови пози, променете го местото за секс или кокетирајте со секси играчки. Излегувањето од сексуалната рутина ја поттикнува довербата и блискоста меѓу партнерите.
Редовен секс
Не мора секогаш да има страст кога водите љубов. И не мора да чекате совршен момент или расположение за да имате секс. Сексот е здрав каков и да е, ги поврзува партнерите па обидете се да го практикувате редовно.
Секс во непријатен момент
Секогаш се случува по некој блам, но колку и да е непријатно сепак не мора секогаш да биде совршено.
Секс на одмор
Кога сте на одмор веројатно немате некакви грижи кои ви се врткаат по глава. А токму тоа е посакувана атмосфера да се купи нешто ново. Имајте секс во автомобил, на море, на плажа, во тоалет во клуб.
Секс за заспивање
Каде пишува дека секој секс мора да заврши со оргазам? Па и да се успиете за време на сексот, нема ништо лошо.
Секс за помирување
Не е добро да одите на спиење ако сте нервозни и лути. Ние се сложуваме. Затоа се препорачува нервозата да ја испразните во секс.