Неколку земји од ЕУ бараат повлекување на некои модел дизелски автомобили

Неколку земји од Европската унија побарале од производителите на автомобили повлекување на поедини модели дизелски возила, во врска со фалсификувањето на податоците за емисиите на штетните гасови или тоа имаат намера да го сторат, пишува германскиот неделник Bild am Sonntag без да ги наведе изворите на информациите.

Франција открила загрижувачки карактеристики кај боделот „џук“ на „Nissan“, како и кај моделите „каптур“ и „кадјар“ на „Renault“, пишува германскиот седмичник во неделата.

Холандија побарала повлекување на еден модел на „Suzuki“, додека Италија настојува да издејствува повлекување на моделот „550х“ на „Fiat“, се додава во написот.

Претставниците на „Fiat“, „Renault“ и „Suzuki“ не биле веднаш достапни за коментар, а од „Nissan“ не сакале веднаш да дадат изјава во врска со написот.

Германското министерство за соорбаќај објави во номеври дека во рамки на истрагата за емисиите на штетните гасови, ќе побара повлекување на околи 100.000 возила на производителот „Opel“.