Во вечерашното издание на дебатната емисија “Што не е јасно?” гостуваше претседателот на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски кој се осврна на лошите политики на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, како и на матните зделките и тендери кои се спроведуваат врз грбот на граѓаните.
Нелоски потенцираше дека Шилегов е можеби најнеспособниот градоначалник кој градот Скопје го имала, бидејќи тој не само што не реализирал ниту еден капитален проект во полза на граѓаните, туку ги троши парите на скопјани за проекти со кои само ги замачкува очите на граѓаните. Тој додава дека наместо реални проекти, скопјани сведочат на измислици и проекти од кои Шилегов краде народни пари, додека булеварите и улиците во градот се во незавидна состојба.
Нелоски истакна дека пример за недомаќинското работење на Шилегов е набавката на возилото кое што градот го чини над 1,7 милиони евра, додека пак истото возило во Загреб е купено за околи 700.000 евра, што е за речиси три пати поевтино.
“Петре Шилегов мисли дека граѓаните ќе молчат на неговите глупости и трошење на парите, бидејќи најверојатно мисли дека ќе му успее маркетингот со “Скопје една поинаква приказна”. Јас се согласувам дека Скопје е една поинаква приказна, но никако не е ваква каква што тој ја прикажува, бидејќи Скопје заслужува просперитет и реални капитални проекти, а не лаги и манипулации од страна на градоначалникот”, вели Нелоски.
Нелоски вели дека Шилегов за четири години нема ниту еден започнат и целосно реализиран проект, иако тој ги прикажува како негови. Најголем дел од проектите и булеварите беа проектирани, отпочнати и до некаде реализирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски, вели Нелоски.