Нема да дозволиме нов случај Онкологија, ќе има ревизија во сите хируршки клиники во сегментот на потрошувачка, евиденција и следливост на основните средства!, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку месеци предупреди на евентуални случаи “втора онкологија” согласно информациите за нерегуларности во овој сегмент.
Според објавените информации во медиумите на хируршките клиники недостасуваат основни лекови и ова претставува сериозен проблем во секојдевната работа. Исто така, согласно информациите на хируршките клиники во последниве три до четири години нема евиденција и следливост на антибиотиците и опојните дроги, како и основните средства.
Оттука се поставуваат прашањата:
1.Што се случува на хирургија со основните средства, антибиотиците и опојните дроги?
2.Дали некој води евиденција за нив или и тука како на онкологија нема евиденција кој и како ги користи?
3.Дали на хируршките клиники се води инспекција за интрахоспиталните инфекции, дали се пријавуваат и дали воопшто и кои мерки се преземени за справување со состојбата?
4.Дали се точни наводите дека опојни дроги што се наменети и треба да се користат за наши пациенти по непознати канали завршуваат на црниот пазар или во Косово?
5. Дали е точно и дека хируршката сала на Клиниката за очни болести исто така не е во функција повеќе од две недели?