Премиерот Димитар Ковачевски е оптимист дека на крајот нема да недостасуваат пратеници кои ќе гласаат за уставни измени.
– Не фалат пратеници за владата или за мене, туку зa државата да влезе во ЕУ. На крајот нема да недостасуваат пратеници за уставни измени – рече Ковачевски, притоа не образложувајќи како ќе успее да го смени ставот на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата има цврст став дека уставни измени под овие услови и под бугарски диктат нема да има и дека не постои пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој ќе поддржи промена на Уставот.