Нема да коалицирам со луѓе кои ми забија нож во грб

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села,  песимист дека во Парламентот може да се постигне договор за уставни измени.

Во меѓувреме, Села во во интервју за „360 Степени“  го отфрли предлогот за заеднички листи со СДСМ.

Не можете да барате од нас да влеземе во коалиција со луѓе кои ни забија нож во грбот и тоа пред само пет/шест месеци. Сега барате јас да одам во предизборна коалиција со Зоран Заев. Ве молам. Ова не е лично прашање, рече Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците.

Изјавата на Села доаѓа всушност како реакција на изјавата на пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири.

„Сите опции се отворени, ништо не е заклучено. Го чекаме рокот за да се обезбедат пратениците. Ако не, тогаш ќе почнат разговорите и конечните одлуки ќе бидат донесени околу тоа во каква форма ќе се оди на предвремени избори. Секако, најпосакуваната опција е про-европскиот блок да излезе со заедничка листа и така ќе биде посигурно да се обезбедат 2/3 од гласовите во Парламентот“, рече Зекири.