Нема ден без новитети и одронети бисери во Министерството за култура

Нема ден без новитети и одронети бисери во Министерството за култура. Ако минатата недела министерката за култура се пофали со новитети за креативните индустрии од Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година, пред некој ден се пофали и со друг новитет – „Првата светска конференција за верски дијалог и соработка“ во Струга на која свечено се обрати! Боже прости ѝ, навистина не знае што зборува!, велат од Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

-Таа самата не знае дека токму ова Министерство за култура со кое раководи, во соработка со Владата, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, верските заедници во Македонија, Кабинетот на претседателот на државата и Министерството за надворешни работи има успешно реализирано четири светски конференции за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог (2007 и 2010 година во Охрид, 2013 година во Скопје и 2016 година во Битола). Барем некој близок до неа што знае мораше да ја потсети и да ѝ укаже!

На овие 4 (и со зборови четири) вистински светски конференции одзивот на поканетите учесници беше исклучително голем. Имаше присуство на голем број истакнати религиски лидери, политичари, интелектуалци, професори, претставници на граѓанскиот сектор и на младински организации кои се занимаваат со меѓурелигискиот и меѓуцивилизацискиот дијалог. На секоја од конференциите учесниците усвојуваа заеднички декларации.

Наместо да го поттикне организирањето на Петтата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог и да ја продолжи добрата практика и традиција, Бисера Костадиновска-Стојчевска одбра да се обраќа на некои „други први“ светски конференции и одбра да живее во блажено незнаење, а со тоа себе да се доведува во заблуда, но и пошироката јавност да ја доведува во заблуда!

Најстрашна работа што може да ѝ се случи на македонската култура е да остане без сеќавање и без институционална меморија! А токму тоа се случува, благодарејќи на Бисера Костадиновска- Стојчевска!