Постигнат договор во делот на учебниците , но дека сеуште има многу за да се дојде до суштински договор, а историчарите од Македонија и Бугарија не успеале во ептокот да најдат заедничко решение за заедничко чествување на Гоце Делчев, соопшти копретседателот на Македонско- бугарската комисија Драги Ѓорѓиев на заедничката прес-конференција во Скопје со бугарскиот колега Ангел Димитров.
По дводневнните разговори на комисијата, Ѓорѓиев рече и оти се надева дека во иднина ќе може да се дојде до поконкретни преговори.
Бугарскиот историчар, инаку поранешен бугарски амбасадор во Македонија, Ангел Димитров, рече дека преговори водат политичарите а дека сега се водела научна дискусија за историјата.
До крајот на годината ќе има уште една средба на Комисијата, најави Димитров, зашто има уште многу елементи за кои што треба да стане збор.Димитров рече и дека е направен чекор напред во врска со празнувањето на 24-ти мај , Денот на сесловенските просветители, празникот што неодамна Бугарија го нарече бугарски.
„Мораше да се утврди натамошната динамика на Комисијата. Договорено е до крајот на оваа година да има уште една средба и за следната година договорени се уште пет среби доколку дозволи ситуацијата околу ковид вирусот“, појасни Ѓорѓиев.
Двете страни разговарале за учебниците за шесто одделение во бугарскиот образовен систем и за личност на Гоце Делчев, додаде претставникот на македонската страна во разговорите. Ѓорѓиев додаде дека имало напредок за учебниците, а за Гоце Делчев имало на маса нови идеи. Но, детали не соопштија за какви идеи станува збор.
Димитров оцени дека изминатите два дена биле како времето „сиво“ оценувајќи го исходот од разговорите. Бугарските историчари, како што рече, имале 14 забелешки за македонските учебници.
„За жал, немавме ниту време нити можност да постигнеме нешто за Гоце Делчев“, рече Димитров.
Додаде дека тие како историчари не се занимаваат со јазикот. Вели дека историчарите треба да бидат повеќе историчари, а помалку политичари.